|
Штип
е еден од најстарите македонски градови. Се наоѓа
на надморска височина од 300 метри. За прв пат
се споменува во состав на древната држава Пеонија,
под името Астибо. Подоцна во античкиот период
градот го среќаваме какo Стипион. Денешното име
го добил со доаѓањето на Словените на Балканот.
За време на постоењето на Самоиловата држава градот
влегувал во нејзиниот состав. Подоцна често ги
менувал своите владетели:по потпаѓањето на Самоиловата
држава го освоиле Византијците во почетокот на
XIII век бил под бугарска власт, а по познатата
битка кај Велебужд градот го освојува српскиот
владетел Стеван Дечански. Во 1382 година потпаѓа
под Турско ропство кое оставило многу обележја
за време на своето пет вековно владеење.
 |
|
 |
Едно
од таквите е и камениот мост кој познатиот турски
патеписец Евлија Челебија го споменува во своите
патешествија на овие простори. Се претпоставува
дека мостот го добил името според финансиерот
во тоа време, на почетокот на 17 век кога имало
почеток на градскиот живот. Името му е Ќучук Емир-Султанов
мост и е изграден пред 1672 година. Има осум окна
изѕидани со клесани камени блокови, со складна
архитектонска просторност од кои се видливи шест.
Мостот првобитно бил поплочен со турска калдрма
но бил оштетуван повеќе пати, а со самото тоа
и неколку пати реновиран. Долг е од 30 до 40 метри,
а широк 6 до 8 метри. Ограден е со метална ограда,
но за жал никогаш до сега не е соодветно осветлен
или заштитен со што би му се вратил изгубениот
сјај и вредноста која ја има сега па и во минатото.
Сосема е сигурно дека бил сообраќајница во турско
време, во освојувањето на другите нации од страна
на османлиите, а своевремено преку него поминале
и голем број познати историски личности. Важноста
се согледува и во тоа што Брегалница важела за
голема река и имала потреба од премостување во
овој дел. Овој мост бил првиот кој ја премостувал
реката со таков архитектонски облик, а уникатноста
се согледуваи во тоа што на источниот дел на државата
не постои сличен мост. Токму под овој мост се
вршел и чинот на фрлање на крстот на празникот
Водици. Записи за градот се евидентирани уште
од почетокот на првиот век по Христовото раѓање,
како географски, културен, образовен и трговски
центар на источна Македонија. Во Штип свои значајни
цивилизациски траги оставале тркалата и на вековите
и на милениумите. Народниот архитект имал богат
креативен дух, па создал градби на старите градски
куќи, од кои некои опстојуваат од сто до 200 години,
а на кои до ден денес им се восхитуваат градители
од целиот свет. Денеска, за голема жал останати
се одвај 5-6 објекти меѓу кој позначајни се куќата
на Станчеви, куќата на Делипотрови, Андонската
и уште некоја куќа. Преубавото староградско градителство
е оставено да пропаѓа да исчезнува како сведоштво
за историјата и културата на овие пространства
или неавтентично да се заменува со грдите и ладни
новоградби од бетонски тули. Во непосредна близина
на Штип покрај брегот на реката Брегалница, се
наоѓа бањата Кежовица. Температурата на термоминералните
води на бањата достигнува до 62оС, а радиоактивноста
до 42,82 мохови единици. Бањата лекува ревматизам,
зглобни и нервни заболувања, шекерна болест, артериосклероза,
зголемен крвен притисок и др.
|